Екипата на Радовиш под водство на тренерот Љупче Мијалов ги започна подготовките за новата сезона во Супер лигата.
Тренинзите се реализираат во СРЦ „25 мај“ во Радовиш во два термини наутро од 10.00 часот и попладне во 18.30 часот.
Нови засилувања во екипата се Јикица Вештица кој игра на позицијата среден бек, Кристијан Костадинов-голман, Гоце Ѓоргиевски-лев бек, Дарио Јорданов-лево крило.