Извршена беше ждрепката за првото издание на турнирот “Крсте Андоновски – Усташ” организиран од екипата на Охрид.
На 23 август ќе се одиграат полуфиналните двојки, додека на 24 август ќе се играат натпреварот за трето место и финалето на турнирот.
Во првото полуфинале вкрстуваат реден број 1 со реден број 4, а второто полуфинале реден број 2 со реден број 3! Тоа значи:
23.08.2022 (вторник)
17:30 часот Рк Партизан – Рк Тинекс Пролет
20:00 часот ГРК Охрид – ГРК Тиквеш 2014
Поразените играат за 3-то место, победниците финале во следните термини:
24.08.2022 (среда)
15:30 часот 3то место поразени 1/4 – 2/3
18:00 часот финале победници 1/4 – 2/3
(фото – ГРК Охрид)📷