Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа пораз од 31-35 на првиот натпревар против швајцарскиот прволигаш Базел што се одигра во Врање.
Првото полувреме мина во израмнета игра во која двата тима се менуваа во водство. Тинекс Пролет имаше најубедливи плус три во периодот кога голманот Петковски влезе во серија на добри одбрани, но Базел успеа да се врати и да го сврти резултатот во своја полза, на одмор заминувајќи со минимално водство од 15-16.
Двајцата тренери ги изротираа екипите во вторите 30 минути од мечот, при што подобро се снајдоа швајцарците, кои го добија мечот со конечни плус четири.
(фото-Рк Тинекс Пролет)📷