Алексо Лембанов: Свесни сме за ланските грешки

Тинекс Пролет ги одработи базичните подготовки во Пехчево, по што тренерот Лембанов и неговите избраници продолжуваат со напорни тренинзи, се со цел тимот во што подобра форма да го стартува новиот шампионат на Македонија. 

Тимот се засили со репрезентативецот Томи Јагуриновски, повратникот Александар Василевски и црногорскиот голман Данило Михаљевиќ, кои ќе ја зголемат конкуренцијата во екипата на Тинекс Пролет.

„Можам да кажам дека одработивме квалитетни подготовки во Пехчево, мотивацијата кај сите е на највисоко можно ниво. Свесни сме за ланските грешки кога не успеавме да се пласираме во плејофот, тоа ни е само мотив повеќе за уште подобри изданија и враќање на посакуваните резултати. Имаме тројца нови ракометари кои добро се адаптираат во екипата, се работи квалитетно и како тренер сум задоволен со сработеното досега“, изјави Алексо Лембанов.

(фото-Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *