Машката кадетска репрезентација на Македонија го совлада Луксембург со убедливи 32-22 во полуфиналето од ЕХФ шампионатот.
Македонија на полувреме имаше предност од 15-9. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Македонија за висока победа против Луксембург.
Најефикасен во селекцијата на Македонија беше Славчо Шулески со десет погодоци. Противник на Македонија во финалето ќе биде селекцијата на Швајцарија.
(фото-РФМ)📷