Екипата на Тиквеш од Кавадарци покрај составот за новата сезона го продолжи договорот и со член од стручниот штаб.
Станува збор за Боро Ѓорѓиев кој ќе биде помошен и кондиционен тренер во екипата на Тиквеш. Ѓорѓиев е долги години во спортот и ракометот во Кавадарци.
Беше помошен и кондиционен тренер на ЖРК Кабран Амбалажа, учествува во формирањето на ГРК Тиквеш, а исто така е и советник за спорт во Општина Кавадарци.
(фото-ГРК Тиквеш 2014)📷