Вардар триумфално против Бутел, Целје подобар од Алкалоид, Татран го совлада АЕК на турнирот во Струга

Тимот на Вардар 1961 забележа победа против Бутел Скопје со резултат 32-20. Најефикасен во составот на Вардар 1961 беше Ален Ќосевски со шест погодоци, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Мирко Мајиќ со седум погодоци.

Екипата на Целје во рамноправен натпревар успеа да го победи Алкалоид со 29-28. Најефикасен во тимот на Алкалоид беше Стојков со четири погодоци, додека кај тимот на Целје најефикасен беше Стрмљан со пет гола.

Татран Прешов го надигра составот на АЕК Атина со резултат 25-21. Најефикасен во тимот на Татран Прешов беше Давидовиќ со шест гола, додека кај АЕК Атина најдобар беше Карампацис со четири гола.

(фото-Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести