Зоран Стерјев: Еурофарм Пелистер ќе атакува на сите трофеи во домашното првенство

Екипата на Еурофарм Пелистер го претстави проектот за сезоната 2022/2023. Претседателот на битолскиот тим, Зоран Стерјев изјави дека Еурофарм Пелистер ќе атакува на сите трофеи во домашното првенство.

“Задоволство ми е што сум во овој величенствен објект „Gold Felicia“, со кој потпишавме договор и ќе биде наш спонзор сезонава. Уште поголема гордост чувствувам кога ги гледам нашите две екипи, компетитивни и спремни за новата сезона. Ние сме уникатен пример за два клуба од исто ракометно семејство кои играат во европските клупски натпреварувања и верувам дека наредна цел треба да ни биде да подигнеме трофеи со двата клуба. Посебно сум задоволен што секоја година промовираме членови од Еурофарм Пелистер 2 во новајлии во првиот тим. Рк Еурофарм Пелистер ќе ги нападне и има за цел да ги освои сите домашни трофеи: Супер лигата, Купот и Суперкупот на Македонија, добра презентација во СЕХА лигата, а во ЕХФ Лига Европа се стремиме да ја поминеме групната фаза. Доколку успееме во тоа, зошто да не отидеме и чекор подалеку од минатите сезони. На момците од Еурофарм Пелистер 2 им посакувам повторување на ланските резултати и место во плеј-офот. Тие знаат секогаш да нè изненадат со постигнувањата на теренот. Благодарност до спонзорите кои нè следат и го препознаваат овој проект, до нашата армија симпатизери и се гледаме во спортската сала „Боро Чурлевски“. Ви посакувам добро здравје, напорна и професионална работа и многу успеси”, – изјави претседателот Зоран Стерјев.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести