Александар Јовиќ: Остваривме големи работи минатата сезона со Еурофарм Пелистер 2

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 по изминатата сезона каде што оствари добри резултати ја очекува нов предизвик во новата сезона.

За новата сезона со своја изјава се истакна и тренерот на Еурофарм Пелистер 2, Александар Јовиќ.

“Голема награда за овие момци се европските натпревари кои следат. Остваривме големи работи минатата сезона и спремни сме за новата. Гостувањето во Австрија викендов ќе биде голем тест за оваа млада екипа. Сакам да потенцирам дека за мене најголема сатисфакција е постојаниот прогрес на ракометари од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер. Убаво е да се живее и работи во град како Битола, во организиран клуб кој знае што сака. Јас сум тука две години, но со претседателот Стерјев соработувам три години, бидејќи една година пред да дојдам во Битола заеднички го проектиравме ова што се случува во Еурофарм Пелистер 2. Тогаш три момчиња од школата Алушовски дојдоа во Битола и сега се репрезентативци. Овој процес ќе продолжи и понатаму”, – изјави Александар Јовиќ.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести