Алкалоид одигра реми со Хапоел Ашдод на турнирот “Трофеј Нови Београд”

Екипата на Алкалоид одигра реми со израелскиот тим Хапоел Ашдод со резултат 25-25 на турнирот во Србија, “Трофеј Нови Београд”.

Алкалоид имаше шанса за победа на неколку секунди до крајот на натпреварот, но екипата на Хапоел Ашдод успеа да извлечи реми.

Најефикасен во составот на Алкалоид беше Божидар Илиески со шест погодоци, додека кај екипата на Хапоел Ашдод најефикасен беше Ристо Вујачиќ со седум погодоци.

(фото-Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.