Дубочица славеше против Прилеп во финалето и го освои турнирот “Миле Нешкоски”

Екипата на Дубочица од Србија го освои турнирот “Миле Нешкоски”, откако во финалето го совлада тимот на Прилеп со 36-24 (19-14).

Најефикасен во составот на Дубочица беше Марко Радуловиќ со осум гола, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Давор Шокоски со шест погодоци.

Третото место го освои тимот на Скопје, откако ја совлада Струга со 23-21, додека ПАОК беше подобар од Мулти Есенс со 31-28 за петто место на турнирот.

Најдобар голман на турнирот беше Ѓорѓи Ерманоски од Мулти Есенс, најдобар стрелец беше Давор Шокоски од Прилеп, додека МВП на турнирот беше ракометарот на Дубочица, Марко Радуловиќ.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести