Бекамент од Србија го совлада Ѓорче Петров во финалето и го освои турнирот “Ѓорче Петров Куп 2022”

Екипата на Бекамент од Србија го освои второто издание на турнирот “Ѓорче Петров Куп 2022” во женска конкуренција, откако во финалето ја совлада екипата на Ѓорче Петров со резултат 31-23.

Тимот на Бекамент имаше предност на полувремето од 16-14. Во второто полувреме Бекамент ја зголеми разликата, за на крај да слави против Ѓорче Петров.

За најдобар голман прогласена беше Марија Симиќ од Бекамент, најдобар стрелец на турнирот беше Ангела Костовиќ од Овче Поле Славјански Универзитет, додека најкорисен играч (МВП) беше Милица Николиќ од Ѓорче Петров.

Составот на Вардар го освои третото место, откако го совлада Борац со 26-25, додека петто место на турнирот го освои тимот на Бор, кој забележа победа против Овче Поле Славјански Универзитет со резултат 33-28.

(фото – ЖРК Бекамент)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести