Ларс Валтер: Кога бев дете Пелистер беше голем клуб

Екипата на Еурофарм Пелистер е пред историски настап во СЕХА лигата, откако за прв пат се пласира на Ф4 турнирот во Задар.

Тренерот Ларс Валтер со своја изјава за натпреварот во полуфиналето против екипата на Веспрем.

“Кога бев дете Пелистер беше голем клуб. Кога си на моите години понуда од клуб како Еурофар Пелистер не се одбива. Постоеше шанса да дојдам со високи амбиции во клубот и таа шанса не ја испуштив. Ние сме тим во изградба, имаме десет нови ракометари и нов тренер и падови и подеми се нормална појава. Водевме цело време против Мешков Брест, го имавме Урбан на голот и со малку среќа победивме. Нема што да загубиме утре во полуфиналето. Ништо не се знае, ова е спорт и сите опции се отворени”, – изјави тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести