Екипата на Веспрем славеше убедлива победа против Еурофарм Пелистер со резултат 41-27 и се пласира во финалето на Ф4 турнирот во СЕХА лигата.
Тимот на Веспрем на полувреме имаше високи 24-16. Во второто полувреме Веспрем продолжи со добрата игра, за на крај да слави против Еурофарм Пелистер.
Најефикасен во екипата на Веспрем беше Никита Вајлупов со осум гола, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер најефикасен беше Усама Хосни со шест гола.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷