Во СЕХА лигата ќе има промени за во иднина, откако на состанок беа донесени неколку нови одлуки и смени на позициите во СЕХА.
Зоран Стерјев е нов член на Управниот одбор на лигата, Михајло Михајловски се повлекува од претседателската функција и ќе биде почесен претседател на СЕХА лигата, додека нов претседател ќе биде србинот Божидар Ѓурковиќ.
Марјан Начевски останува комесар на натпреварите, додека Синиша Остојиќ останува директор на СЕХА лигата. За потпретседатели беа избрани Борис Сапожњиков, Томислав Граховац и Золтан Сик.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷