Екипите на Скопје и Пелистер си ги поделија бодовите, затоа што двете екипи одиграа нерешено со 22-22 во првото коло од Супер лигата.
Во првото полувреме Пелистер имаше водство и на пауза замина со предност од 12-11. Во второто полувреме тимот на Скопје успеа да се врати, за на крај двете екипи да си ги поделат бодовите.
Најефикасна во тимот на Скопје беше Јасмина Попова со шест погодоци, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Мари Франсуа со девет погодоци.
(фото-ЖРК Пелистер)📷