Тимот на Струга ја оствари и втората победа во Супер лигата, откако на домашен беше совладан тимот на Вардар Неготино со резултат 36-24.
Домаќинот Струга имаше контрола на резултатот, па така на полувреме Струга имаше предност од 18-13. Во второто полувреме Струга ја задржа високата предност, за на крај да слави против Вардар Неготино.
Најдобар во составот на Струга беше Ненад Костоски со десет гола, додека кај екипата на Вардар Неготино најдобар беше Драган Кузманов со шест гола.
(фото-Рк Струга)📷