Тиквеш ја оствари првата победа против Радовиш во Супер лигата

Екипата на Тиквеш ја оствари првата победа во Супер лигата, откако на домашен терен го совлада тимот на Радовиш со резултат 32-25.

Тиквеш беше подобар во првото полувреме и на пауза замина со предност од 16-14. Во второто полувреме тимот на Тиквеш ја зголеми предноста, за на крај да го совлада Радовиш.

Најефикасен во составот на Тиквеш беше Страхиња Симиќ со осум гола, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Здравко Постолов исто така со осум гола.

(фото-ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести