Ракометарите на Еурофарм Пелистер триумфираа против Голден Арт со резултат 32-25 и запишаа нова победа во Супер лигата.
Во првото полувреме беше израмнето, па така двете екипи заминаа со нерешен резултат од 14-14 на полувреме. Во второто полувреме тимот на Еурофарм Пелистер со добра одбрана и добар напад успеа да слави против Голден Арт.
Најефикасен во составот на Еурофарм Пелистер беше Хосни со девет гола, додека во составот на Голден Арт најефикасен беше Шилегов со пет гола.
Капитенот Мирко Радовиќ го изнесе трофејот од Супер Купот пред присутните гледачи во спортската сала „Боро Чурлевски“ пред почетокот на натпреварот против Голден Арт.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷