Екипата на Астибо забележа лесна победа против Кузман Вардар со високи 38-20 за прва победа во Супер лигата.
Астибо имаше контрола на резултатот во првото полувреме, па на пауза се замина со предност за Астибо од 19-6. Во второто полувреме Астибо продолжи со добрата игра, за на крај да слави против Кузман Вардар.
Најефикасна во тимот на Астибо беше Марија Анчева со 14 погодоци, додека кај екипата на Кузман Вардар најефикасна беше Елеонора Додевска со пет гола.
(фото-ЖРК Астибо)📷