Ракометарите на Голден Арт ја забележаа првата победа во Супер лигата, откако на домашен терен го совладаа тимот на Скопје 2020 со резултат 30-27.
Во натпревар во кој резултат беше постојано тесен, но во континуитет за домашната екипа. На многу наврати Голден Арт не успеа да го скрши отпорот на Скопје, зголемувајќи ја предноста од три на четири разлика и тоа создаваше нервоза во тимот на Голден Арт. На полувреме на семафорот стоеше 18:16.
Во вториот дел повторно исто сценарио, Голден Арт имаше постојано водство, но без голема комоција во играта. Во последните минути гостите имаа шанса да се приближат и на гол негатива, но денес одличниот Даскалоски го сопре ударот на пивотот Трајковски и во тој момент натпреварот беше решен.
Најефикасен во тимот на Голден Арт беше Ивица Илиев со десет погодоци, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Жарко Барјактаревиќ со седум гола.
(фото-Рк Голден Арт)📷