Екипата на Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со левото крило Цветан Кузманоски.
Договорот е продолжен до 2025 година. Кузманоски кој има 22 години во Еурофарм Пелистер пристигна од екипата на Струга пред три години, а настапуваше и за Еурофарм Пелистер 2.
“Ова е моја трета сезона во Битола. Задоволен сум, се навикнав на оваа средина. Голем напредок во кариерата ми е што се префрлив во првиот тим, стигнав и во репрезентација и се надевам дека оваа сезона ќе ја оствариме нашата цел, да ги донесеме титулите во Битола”, – изјави Цветан Кузманоски.


(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷