Екипата на Стружанка забележа победа против екипата на Деспина со високи 27-18 во Супер лигата.
Стружанка на полувреме замина со предност од 14-9. Во второто полувреме тимот од Струга продолжи да го полни голот на Деспина.
Најефикасна во екипата на Стружанка беше Ивана Затуроска со десет гола, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Михаела Петреска со шест гола.
(фото-ЖРК Стружанка)📷