Екипата на Барселона го среди Киелце со резултат 32-28 во натпревар од Лигата на шампионите. Најефикасен кај Барселона беше Фабрегас со шест гола, додека кај Киелце најефикасен беше Морито исто така со шест гола.
Составот на Магдебург триумфираше против ППД Загреб со 35-25. Најефикасен кај Магдебург беше Хорнке со 11 погодоци, додека кај ППД Загреб најефикасен беше Лејметер со пет гола.
Нант го совлада тимот на Пик Сегед со конечен резултат 35-30. Реми на натпреварот помеѓу Динамо Букурешт и ГОГ Гудме, 38-38.
(фото-ЕХФ)📷