Ракометарките на Шампион забележаа победа против екипата на Спартак со резултат 39-30 во натпревар од Супер лигата.
Шампион добро го започна натпреварот, па на полувреме имаше висока предност од 22-14. Во второто полувреме екипата на Шампион продолжи со водството, за на крај да го совлада Спартак.
Најефикасна во екипата на Шампион беше Симона Димитриевска со десет гола, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Зорица Андовска со седум гола.
(фото-ЖРК Шампион)📷