Кичево 2020 забележа нов триумф против Шампион во Првата лига

Екипата на Кичево 2020 ја забележа втората победа во Првата лига, откако на гостувањето во Скопје го совлада Шампион со резултат 17-19.

Кичево 2020 на полувреме имаше минимално водство од 9-8. Во второто полувреме екипата на Кичево 2020 продолжи со добрата игра, за на крај да го совлада Шампион.

Најефикасен во екипата на Кичево 2020 беше Иван Никодиновски со пет гола, додека кај екипата на Шампион најефикасен беше Маркијан Костов со четири гола.

(фото-Рк Кичево 2020)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести