Составот на Тиквеш со три бода се враќа од гостувањето кај екипата на Скопје 2020, откако славеше со резултат 29-20.
Тиквеш беше фаворит на овој натпревар, кога на полувреме имаше предност од 18-11. Второто полувреме не донесе никакви промени, па Тиквеш ја завери победата против Скопје 2020.
Најдобар стрелец во составот на Тиквеш беше Страхиња Симиќ со девет погодоци, додека кај екипата на Скопје 2020 најдобар стрелец беше Дамјан Јакимовски со четири погодоци.
(фото-ГРК Тиквеш 2014)📷