Исплатена премијата на машката кадетска репрезентација

Ракометната федерација на Македонија ја исплати наградата на машката кадетска репрезентација за учество на Шампионатот во Рига.

“По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати паричната награда во вкупна вредност од 700.000 денари за машката кадетска ракометна репрезентација и членовите на стручниот штаб за освоено прво место на EHF Championship М18 Latvia 2022 во Рига, како и за обезбедување пласман на М20 EHF EURO 2024 и обезбедено учество на MU19 WCH 2023 во Р.Хрватска”, – стои во соопштението на РФМ.

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести