Халил Озтурк: Ќе се бориме и сакаме победа против Вардар

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од петтото коло, а екипата на Охрид на домашен терен го пречекува тимот на Вардар 1961.

За натпреварот со Вардар 1961, со своја изјава се истакна и Халил Озтурк ракометарот на Охрид.

“Во следното коло во Охрид ни гостува шампионот Вардар 1961. Тие се добар тим, можеби се фаворити на хартија, но за нас тоа не е важно. Ќе се бориме, и секако, сакаме победа, ќе видиме”, – изјава Халил Озтурк.

(фото-ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.