Ракометарите на Голден Арт забележаа победа на гостувањето кај екипата на Радовиш со минимални 23-22.
Гостите од Скопје добро го отворија натпреварот, а домашната екипа бркаше негатива. На полувреме Голден Арт имаше предност од 11-8. Во второто полувреме беше неизвесно, но на крај екипата на Голден Арт успеа да слави кај Радовиш.
Најефикасен во екипата на Голден Арт беше Дејан Гошевски со шест гола, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Здравко Постолов исто така со шест гола.
(фото-Рк Голден Арт)📷