Екипата на Вардар 1961 забележа убедлива победа против тимот на Куманово со конечни 31-18 во Супер лигата.
Вардар 1961 добро го започна натпреварот, па на пауза замина со предност од 15-11. Во второто полувреме екипата на Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Куманово.
Најефикасен во екипата на Вардар 1961 беше Јан Чувара со девет гола, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Мрвовиќ со шест гола.
(фото-Рк Вардар 1961)📷