Крсте Андоновски: Против Струга ќе биде тешко гостување

Викендов ќе се одигра првото “езерско” дерби помеѓу екипите на Струга и Охрид во машката Супер лига.

Ракометарот на Охрид, Крсте Андоновски со своја изјава за натпреварот помеѓу Струга и Охрид.

“Овој викенд го играме првото “езерско” дерби сезонава и тоа на гостински терен во Струга. Секогаш натпреварите се интересни за следење поради ривалството на двете екипи. Без сомнение ова ќе биде тешко гостување, Струга има респектибилна екипа, но се надевам дека ние ќе извојуваме победа и ќе се радуваме”, – изјави Крсте Андоновски.

(фото-ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести