Екипата на Партизан Гевгелија се враќа со три бода од гостувањето во Велес кај екипата на Борец, откако славеше со убедливи 45-28.
Тимот од Гевгелија на пауза обезбеди предност од 22-12. Во второто полувреме Партизан Гевгелија ја завери победата против Борец.
Најефикасен кај екипата на Партизан Гевгелија беше Горан Лисичков со седум гола, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Бојан Белевски со десет гола.
(фото-Рк Партизан Гевгелија)📷