Екипата на Куманово минимално поразена од екипата на Макаби Аразим во Европскиот Куп со резултат 26-25.
До полувремето двете екипи играа гол за гол, па Макаби Аразим замина со предност од 15-13 на полувреме. Во второто полувреме беше изедначено, но во последните секунди Макаби Аразим од пенал успеа да слави против Куманово.
Најефикасна кај екипата на Куманово беше Габриела Величковска со 13 гола, додека кај екипата на Макаби Аразим најефикасна беше Дуња Тасиќ со 9 гола.
(фото-ЖРК Куманово)📷