Се комплетира 1. коло од квалификациите за Европското првенство што ќе се одигра во 2024 година.
Селекцијата на Португалија ја совлада Турција со убедливи 44-27. Најефикасен кај Португалија беше Бранкињо со шест гола, додека кај Турција најефикасен беше Јагморуглу исто така со шест гола.
Холандија забележа минимална победа против Белгија со резултат 25-24. Австрија беше подобра од Романија со конечни 36-32.
Квалификации за ЕП 2024 година (мажи), резултати:
Австрија 36-32 Романија
Норвешка 38-26 Словачка
Полска 30-23 Италија
Холандија 25-24 Белгија
Словенија 28-20 Босна и Херцеговина
Португалија 44-27 Турција
Франција 35-18 Летонија
ЕХФ Еуро Куп (мажи):
Германија 33-37 Шведска
(фото-ЕХФ)📷