Ракометарите на Драчево со победа се враќаат од гостувањето кај екипата на Партизан Гевгелија, откако славеа со 39-22.
Драчево на пауза обезбеди предност од 18-12. Во второто полувреме тимот на Драчево одржуваше контрола на резултатот, за на крај да слави против Партизан Гевгелија.
Најефикасен кај екипата на Драчево беше Филип Дабевски со 14 гола, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Димитар Минов со 7 гола.
(фото-Рк Драчево)📷