Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров остварија победа на гостувањето кај екипата на Кичево 2020 со резултат 37-29 во Првата лига.
Кичево 2020 беше рамноправен противник во првото полувреме, но во второто полувреме Македонија Ѓорче Петров беше подобар противник и успеа да слави во Кичево.
Најефикасен кај екипата на Македонија Ѓорче Петров беше Мартин Димовски со 11 погодоци, додека кај екипата на Кичево 2020 најефикасен беше Иван Никодиновски со пет погодоци.
(фото-Рк Македонија Ѓорче Петров)📷