Даниел Андоновски: Со нова победа ќе сме поблиску до посакуваната цел

Викендов екипата на Охрид на домашен терен ја пречекува екипата на Вардар Неготино во натпревар од Супер лигата.

За овој натпревар ракометарот на Охрид, Даниел Андоновски даде своја изјава.

“По победата во езерското дерби продолжуваме со макотрпна работа. Овој викенд дома ја пречекуваме екипата на Вардар од Неготино. Се надевам дека секој играч ќе одигра максимално сконцентрирано и со нова победа ќе сме поблиску до посакуваната цел во овој дел од првенството – плеј-офот”, – изјави Даниел Андоновски.

(фото-ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести