Тимот на Мулти Есенс забележа убедлива победа против Младост 1977 Богданци со високи 44-28 во Првата лига.
Мулти Есенс уште од почетокот на натпреварот обезбеди високо водство, па до крајот на натпреварот домаќинот си ја заврши работата против гостинската екипа.
Најефикасен во екипата на Мулти Есенс беше Димитар Узунчев со осум погодоци, додека кај екипата на Младост 1977 Богданци најефикасен беше Ѓорѓе Атанасов исто така со осум погодоци.
(фото-Рк Мулти Есенс)📷