Екипата на Ѓорче Петров го надигра тимот на Овче Поле Славјански Универзитет на гостински терен во Свети Николе со резултат 39-22.
Ѓорче Петров направи добра предност на полувреме со конечни 17-12. Во второто полувреме Ѓорче Петров одеше на поголема разлика, па на крај да слави висока победа против тимот од Свети Николе.
Најдобар стрелец кај екипата на Ѓорче Петров беше Анастасија Николовска со седум гола, додека кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет најдобар стрелец беше Марија Галевска исто така со седум гола.
(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷