Тиквеш го совлада Голден Арт

Екипата на Тиквеш го совлада Голден Арт на домашен терен со резултат 28-21 во натпревар од Супер лигата.

Тиквеш го контролише резултатот во првото полувреме, па на полувреме замина со предност од 12-10. Исто така и во второто полувреме Тиквеш имаше контрола на резултатот, за на крај да слави против Голден Арт.

Најефикасен кај екипата на Тиквеш беше Страхиња Симиќ со осум гола, додека кај екипата на Голден Арт најефикасен беше Мице Шилегов со пет гола.

(фото-ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести