Одбрана на трофејот во Супер Глоуб на Магдебург против Барселона

Тимот на Магдебург го одбрани трофејот на неофицијалното Светско клупско првенство, Супер Глоуб, откако на продолжение од десет минути ја совлада Барселона со резултат 41-39, а регуларниот дел заврши 35-35.

Третото место на турнирот го освои Киелце, откако славеше против Ал Ахли со 35-26. Петтото место на Супер Глоуб го освои екипата на Есперанца Тунис, откако ја доби драмата со Ал Калеј, 31-30.

Бенфика беше убедлива против тимот на Таубате со 32-27 за седмото место на турнирот. Ал Мудар од Саудиска Арабија убедливо загуби од Ал Кувајт со 18-34 за десетто место на Супер Глоуб, додека Сиднеј Универзитет со 33-29 го совлада Министрос и заврши како единаесети. 

(фото-ИХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.