Објавени се групите за новата натпреварувачка сезона 2022/23 во Балтичката лига, на кои ќе учествуваат екипи од Естонија, Летонија и Литванија.
Во новата сезона ќе учествуваат 12 екипи, од Естонија ќе има пет екипи, од Литванија четири екипи и од Летонија ќе има три екипи.
Екипите ќе бидат поделени во две групи, во група А се тимовите на Виљанди и Мистра од Естонија, потоа Драгунас и Гранитас од Литванија и од Летонија, Огре и Земесарџе.
Во група Б се тимовите на Полва Сервити, Талин и Тапа од Естонија, Амбер и Свиеса од Литванија и Добеле од Летонија. Актуелен бранител на титулата е екипата на Виљанди.


(фото – Балтичка лига)📷