Тинекс Пролет забележа уште една рутинска победа во скопските пресметки од првата фаза од Супер-лигата, славејќи на домашен терен над Голден Арт со резултат 27-21.
Тимот на Тинекс Пролет добро го отвори натпреварот, на полувреме домашниот тим имаше предност од 13-11. Во второто полувреме тренерот на Тинекс Пролет, Лембанов ги повлече првотимците и им даде шанса на помладите ракометари, кои рутински го приведоа мечот до крај.
Најефикасен во екипата на Тинекс Пролет беше Ласко Андоновски со седум гола, додека кај екипата на Голден Арт најефикасен беше Даев со пет гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷