Еурофарм Пелистер го совлада Агуаш Санташ во Лигата на Европа

Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Агуаш Санташ со резултат 29-27 во 2. коло од Лигата на Европа.

Еурофарм Пелистер на полувреме имаше предност од 15-12. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер продолжи со водството, за на крај да слави против Агуаш Санташ.

Најефикасен кај екипата на Еурофарм Пелистер беше Хенеберг со седум погодоци, а Жарко Пешевски имаше пет погодоци.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.