Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров ја совладаа екипата на Јехона со резултат 43-33 во Првата лига.
Екипата на Јехона парираше само во првиот дел на натпреварот, во вториот дел домаќинот успеа да го надигра тимот од Гостивар.
Најефикасен кај екипата на Македонија Ѓорче Петров беше Филип Ролевски со 11 погодоци, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Филип Илиески со 7 погодоци.
(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷