Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа победа на гостувањето кај екипата на Голден Арт со високи 18-31 во Супер лигата.
Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот успеа да направи високо водство, па на крај исто така да слави со високо водство против Голден Арт.
Најефикасен кај екипата на Еурофарм Пелистер беше Ненад Костески со седум гола, додека кај екипата на Голден Арт најефикасен беше Марко Трајковски со четири гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷