Екипата на Охрид со победа се враќа од гостувањето кај Прилеп, откако славеше со резултат 26-25.
Во првиот дел Охрид водеше со два до три гола, па на пауза замина со 14-13. Во второто полувреме Прилеп се обидуваше да се врати, но не доволно и мораше да се задоволи со пораз против Охрид.
Најефикасен кај екипата на Охрид беше Бојаниќ со шест гола, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Шокоски со осум гола.
(фото – ГРК Охрид)📷