Репрезентацијата на Македонија загуби од Холандија со високи 30-15 во 2. коло од Европското првенство.
На полувреме Холандија имаше високо водство од 17-9. Во второто полувреме Холандија ја зголемуваше разликата, па на крај да слави убедлива победа против Македонија.
Најефикасна во селекцијата на Македонија беше Сара Ристовска со четири погодоци, додека кај селекцијата на Холандија најефикасна беше Ингер Смитс со седум погодоци.
(фото – РФМ)📷