Екипата на Тинекс Пролет забележа рутинска победа против Радовиш со резултат 34-29 во натпревар од Супер лигата.
На одмор Тинекс Пролет замина со предност од 19-16. Во второто полувреме Тинекс Пролет направи добра серија, па на крај да слави против Радовиш.
Најефикасен во составот на Тинекс Пролет беше Михаил Аларов со шест гола, додека најефикасен во составот на Радовиш беше Јакша Вјештица со девет гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷